| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра со гол со гради го однесе ПСЖ во полуфинале во Лига купот (видео)

Златан Ибрахимовиќ со погодокот постигнат во 72. минута со гради му донесе победа на Пари Сен Жермен на синоќешното гостување кај Сент Етиен и пласман во полуфиналето на Лига Купот на Франција.

Место во полуфиналната фаза обезбеди и Бастија која по викенд победата над шампионот ПСЖ, синоќа во купот на домашен терен славеше против Рен со 3:1, иако гостите на полувреме водеа со 1:0.

Вечер се играат другите два четвртфинални натпревара: Монако – Генгамп, Лил – Нант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top