Леброн Џејмс се врати по повредата на грбот и постигна 33 поени за Кливленд, но екипата загуби од Феникс санс со 100-107. Џејмс не играше на последните 10 меча, а Кавалирс загубија девет од нив. Џеј Ар Смит кој дојде во Кливленд додека Леброн беше повреден и за првпат играше заедно со него постигна 29 поени со шут за три поени 8 од 14.
Најефикасен на мечот беше Маркиф Морис од Феникс со 35 поени.
Личен рекорд во кариерата ноќеска забележа бекот на Минесота Мо Вилијамс со извонредна партија и 52 поени. Тоа е најдобар ефект сезонава во НБА лигата, а најмногу благодарение на Вилијамс Минесота ја прекина серијата од 15 порази.
Серијата победи ја продолжи Атланта хоукс, а патем и одмори дел од ѕвзедите во тимот. Ноќеска не настапија Пол Милсеп, Џеф Тиг, Перо Антиќ и Демар Керол, а Хоукс сепак ја забележа деветтата едноподруго победа. Пред налетите на јастребите падна Филаделфија, а Ал Хорфорд забележа трипл-дабл од 21 поен и по 10 скока и асистенции.
Резултати: Индијана – Минесота 110-101, Филаделфија – Атланта 87-105, Вашинготн – Сан Антонио 101-93, Феникс – Кливленд 107-100, Јута – Голден стејт 105-116, Сакраменто – Далас 104-108, Лос Анџелес лејкерс – Мајами хит 75-78.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



