
Славната пејачка и актерка овие денови го промовира филмот „Тhe Boy Next Door“, а на промоцијата во Лос Анџелес го освои вниманието со својата едноставна убавина.
Но која е тајната на незината убавина?
Таа внимава на здравиот живот. Редовно вежба и здраво се храни, а упорноста и се исплаќа бидејќи едноставно блеска и не ја симнува насмевката од лицето.
– Навистина цврсто верувам во основите на режимот на убавина и дека помалку е повеќе. Го чистам лицето со производ што ми го прави дерматологот. Потребен ми е добар производ за чистење лице бидејќи веќе со години сум присилена да носам многу шминка поради честите настапи. Освен тоа, користам многу нежно средство за вадење на шминката и секогаш после тоа, на лицето нанесувам крем што во себе има и UV-заштита. И секако, се трудам многу да спијам – откри славната дива.
Исто така Џенифер Лопез многу внимание и посветува на својата линија, па неуморно вежба секој ден. – 30 минути правам кардио-вежби и 30 минути вежби за зајакнување на мускулатурата. Тоа е мојата дневна рутина – призна таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Необични совети за разубавување: Пивото и дава сјај на косата, бебешката пудра суши акни…
-
Му ја украде жената на пријателот: Само седна крај мене без срам и така се почна!
-
Настапот пред кој замолкна светот: 11 годишно девојче одушеви во новото шоу „World of Dance“ (Видео)
-
Прескапа е тајната на првата дама на Франција


