| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу го спореди германското антиисламско движење Пегида со ИД

давит

Германското антиисламско движење Пегида е како групата „Исламска држава“ во своите „средновековни“ ксенофобски погледи, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу во изјава за германски медиуми, јави ДПА.

– Кога терористичките групи во Мосул разурнуваа цркви, тие велеа дека Мосум е исламски град, и е само за муслимани – рече Давутоглу за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, зборувајќи за ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на борците на „Исламска држава“ од јуни.

– Тоа е истата логика, користена од Пегида, која вели дека Германија припаѓа само на христијаните – рече тој. „Тоа е апсолутно средновековен менталитет“.

Давутоглу додаде дека Турција е „многу вознемирена во врска со Пегида“ и желбата на движењето за „исклучително христијанско германско општество“.

– Тоа не е само закана кон Турците и муслиманите, но исто и закана за самата Германија – рече тој.

Во обраќање пред турскиот Парламент денеска во Анкара Давутоглу се обрати кон муслиманите во Европа: „Вие не сте сами, Турција е тука да ве заштити“.

Давутоглу се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на Берлин вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top