
–Борците од групата Исламска држава треба да бидат уништени, изјави денеска францускиот министер за одбрана Жан-Ив ло Дриан, додавајќи оти Париз ќе го продолжи учеството во воената операција против ИД во Сирија и во Ирак.
По САД, Франција учествува со најголем број авиони и војници во составот на коалицијата против ИД. Покрај тоа околу 3.500 француски војници оперираат во реонот на Сахел и Сахара против исламистите, поврзани со Ал Каеда.
– Пред две години Франција се вмеша во поранешната колонија Мали и сега Франција се соочува со истата закана, но не на своја територија. Тое е истиот непријател. Нашите сили се распоредени таму, бидејќи за нашите војници тоа е иста битка. Одговорот е во Франција и надвор од неа. Исламска држава е терористичка армија со борци секаде… Таа е меѓународна армија, која треба да биде елиминирана и тоа е причината зошто сме дел од коалицијата – посочи Дриан
Во францускиот Парламент денеска ќе се гласа за продолжување на воената мисија на Франција во Ирак, четири месеци по нејзиното отпочнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро


