| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд со „Легија на честа“ ги одликува убиените полицајци во Париз

oland1

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ја предводеше церемонијата на одавање почит на тројцата полицајци, кои беа убиени во исламистичките напади од минатата недела.

Во седиштето на париската полиција, во близина на Нотр Дам, врз ковчезите на убиените полицајци замотани со француското знаме, Оланд положи медала на Легијата на честа, додека во заднина се свиреше националната химна.

-Тие умреа за ние да можеме да живееме во слобода. Тие умреа вршејќи ја својата должност храбро, смело и достоинствено. Тие умреа како полицајци. Ве уверувам дека цела Франција сочувствува во Вашата болка – им порача Оланд од семејствата на погинатите полицајци.

– Тие имааа еден идеал – да и служат на републиката – додаде Оланд.

Претседателот, исто така, кажа дека Франција никогаш нема да потклекне.

-Франција никогаш нема да се предаде, никогаш нема да потклекне и ќе се соочи со опасноста –  заклучи Оланд.

На комеморацијата присуствуваа семејствата на погинатите полицајци и повеќе стотици нивни колеги во униформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top