Пијан гостин во скопска дискотека сакал во деколтето на српската пејачка Тања Савиќ да остави бакшиш, што го разбесни нејзиниот сопруг, пренесува српски „Курир“
– Сите беа весели, се додека еден пијан гостин не се приближи до сцената и се обиде на Тања да и стави пари меѓу нејзините гради. Нејзиниот сопруг Душан веднаш скокна на него, а обезбедувањето ги раздвои. Музичарите престанаа да свират, наметливиот фан го исфрлија од дискотеката, а Тања на сцената се врати после кратка пауза и продолжи да пее – рaскажал очевидец.
Точно е дека имаше проблеми при крајот на настапот, но за тоа не можам ништо да кажам – рекол менаџерот на диското.
Тања и нејзиниот сопруг не одговорале на телефонските повици упатени од редакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.