Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) не е во можност да го спречи глобалното намалување на цените на „црното злато“, кои се во постојан пад уште од јуни минатата година, соопштија денеска властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Цените на нафтата почна забрзано да се намалуваат лани во ноември кога ОПЕК реши да ја задржи непроменета дневната квота за производство на енергенсот од 30 милиони барели.
Побогатите членки на ОПЕК, меѓу кои и ОАЕ, се залагаат за пониска цената на „црното злато“, со цел од пазарот да бидат потиснати производитлите на нафта од шкрилци, кои имаат поголеми трошоци за производство.
– Не можеме да ги заштитиме цените (на нафтата) и да ги задржиме на одредено ниво. Сведоци сме на огромна понуда на нафта, пред се од шкрилци, и тоа мора да се промени – изјави министерот за енегретика на Емиратите, Сухаил ал-Мазруи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.