| четврток, 6 декември 2018 |

Француската полиција трага по уште шестмина членови на терористичка група

­ Француската полиција верува дека уште шест члена на терористичка група, поврзани со неодамнешните напади во Париз, се наоѓаат во бегство, меѓу кои е и еден маж што го возел автомобилот регистриран на сопругата на еден од напаѓачите.

Двајца анонимни полициски службеници изјавиле дека властите ја пребаруваат париската област во потрага по возилото „мини купе“, регистрирано на 26­годишната Хајат Бумедијен, која е невенчана сопруга на напаѓачот на еврејскиот супермаркет во Париз, Амеди Кулибали, кој уби четворица заложници.

Еден од полициските службеници истакна дека групата е составена од 10 члена и би можело четворица или шестмина сѐ уште да се наоѓаат во бегство, не откривајќи ги нивните имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top