Продукцијата на „Икс-фактор“ во втората сезона на музичкото шоу, покрај жирито, ги промени и водителите. Иако лани, по две менувања на водителите, финалните емисии во живо ги водеше српската водителка Ана Михајловски- Грубин, годинава неа ќе ја заменат двајца водители.
Како што веќе беше најавено, поради вклучувањето на Хрватска во изборот на нова музичка балканска ѕвезда, ќе има и хрватска водителка. Покрај Антонија Блаќе, според српските медиуми, водител на популарното шоу ќе биде и Иван Ивановиќ, кого македонската публика го запозна како жири во „Твоето лице звучи познато“, а е водител на вечерно шоу во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Се огласи и Ана Михајловски, која беше претепана на сплав (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)


