Ноќ за стотки во НБА лигата со седум екипи од вкупно осум кои настапија што постигнаа по 100 или повеќе поени. Најефикасни беа кошаркарите на Орландо меџик кои постигнаа 121 поен во неочекуваната победа против Чикаго на гостински терен. Импресивна партија прикажаа Вучевиќ и Оладипо со по 33 поени, а само уште Пејтон имаше двоцифрен учинок од 10 поени во победничкиот состав.
Кај Чикаго Пау Гасол пак блескаше со 28 поени и 14 скока, откако на претходниот меч постигна 46 поени комбинирани со 18 скока.
Во страшна форма е Детроит пистонс, екипа што ја забележа деветтата победа од последните 10 настапи. Клиповите им се реваншираа на Репторс за поразот од минатиот месец, а овојпат направија и пресврт. На полувреме Детроит имаше негатива од 48-60, но на крајот Џенингс и соиграчите се радуваа на триумф од 114-111. Токму Џенингс беше најефикасен на мечот со 34 поени, пред Валанчиунас со 31 поен за поразениот тим.
Хјустон очекувано го победи Бруклин нетс со 113-99, а на домаќините им фалеше само еден поен до стотката. Џејмс Харден за само три четвртини игра постигна 30 поени.
Четири поени повеќе од него постигна Ентони Дејвис, но Њу Орлеанс загуби од Бостон со 100-108. И без најдобриот стрелец Џеф Грин кој замина за Мемфис гризлис, Келтите славеа со 108-100. Салинџер одигра одлично со 27 поени и 10 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.