| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни полицајци избоделе жена?

noz krv

Триесет и осумгодишна жена била избодена од двајца непознати мажи, кои биле облечени во полициска униформа, утринава кај скопски Стенковец, дознава „Република“ од свои извори.

Жената била пренесена на интензивна нега во клиниката „Аџибадем Систина“, каде што сѐ уште и се укажува лекарска помош.

Скопската полиција го потврди настанот, но описот на тоа што се случило е поинаков. СВР Скопје вели дека утринава во 7.40 часот кај заобиколницата кај Стенковец, Е.Б. (38) се движела со својот автомобил марка „шкода“. Токму кај заобиколницата ја претекнал автомобил марка „голф“. По претекнувањето, „голфот“ се препречил пред „шкодата“, по што од возилото излегол непознат маж, вооружен со нож. Тој веднаш ја нападнал жената бодејќи ја во левата нога, по што си заминал.

Истрагата за нападот сѐ уште е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top