| четврток, 6 декември 2018 |

Се претставувале како полицајци и нападнале мигранти

migranti 27.09.2014

СВР Куманово поднесе кривична пријава за разбојништво против К.И.(51), Д.И.(30) и А.Ј.(21) сите од кумановското село Брзак.

На 21 март, во 01,30 часот, во близина на железничката станица во село Брзак, пријавените маскирани и облечени во војничка униформа со закана од гасни пиштоли, претставувајќи се како полицајци, се обиделе да извршат разбојништво над девет сириски и два палестински мигранти, при што во еден момент едниот од напаѓачите испукал еден куршум, по што настанала физичка пресметка.

Истражен судија за претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во времетрање од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top