| четврток, 6 декември 2018 |

Новата насловна на „Шарли ебдо“ со карикатура на пророкот Мухамед

charlie-hebdo-cover-603x800
На насловната страница на првото издание на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ по исламистичкиот напад врз редакцијата ќе биде објавена карикатура на пророкот Мухамед кој плаче држејќи натпис „Јас сум Шарли“. Над ова стои „Сѐ е простено!“.Насловната страница на новиот број од весникот, на кој работат преживеаните членови на редакцијата, им е доставен на медиумите пред утрешното објавување.

Три милиони примероци од „изданието на преживеаните“ се веќе испечатени и ќе бидат достапни во 25 земји на 16 јазици.Нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“, во кој на 7 јануари беа убиени 12 луѓе, предизвика остри осуди низ светот, но повторното објавување карикатури на Мухамед би можело да ги разлути екстремните муслимани, кои веруваат дека е забрането цртање на нивниот пророк на кој било начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top