Со културно-уметничка програма денеска ќе се одбележи 19. традиционална Мичуринска средба на генерации и ќе се дочека старата Нова година.
Во рамки на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, на платото во паркот на населбата Мичурин ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и изборот на нов кум на средбата.
На годишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичка приредба, во чија организација се вклучени мајките и учениците од Основното училиште „Блаже Конески“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.