| четврток, 6 декември 2018 |

21 Мичуринска средба за Василица

vaislica-micurin

Традиционалната „Мичуринска средба“ в петок ќе се одржи по 21-ви пат на платото во паркот во населбата Мичурин. Организатор е Здружението на граѓани „Мичуринска средба“ со поддршка на општина Аеродром.

Во рамките на годинашната „Мичуринска средба“ е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот, а централната манифестација е закажана во 19 часот.

Големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одбележи со богата музичка програма и со кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата. Предвидено е да присуствува и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството.

За време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top