| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески до Шилегов: Антикорупциска нека утврди кој од нас двајца прави матни зделки

mile-janakieskiМинистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави дека денеска ќе побара од Антикорупциската комисија целосно да го разгледа неговиот случај. Јанакиески го повика и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, да ги достави сите документи со кои располага за случајот, но во исто време да достави документи и за сопствените матни зделки.

На својот профил на „Фејсбук“ Јанакиески ноќеска напиша:

„Утре до Државната комисија за спречување на корупцијата ќе доставам барање целосно да го разгледа случајот со закупот на куќа во Прилеп, каде сум уверен и тврдам дека нема никаков конфликт на интереси. Го повикувам портпаролот на СДСМ Шилегов и тој да ги достави сите документи со кои располага за овој случај, но во истовреме го повикувам да достави и документи за неговите матни зделки на пример:

Kако со минимална плата стекнал куќа на три ката од 313 м2, два автомобили Мерцедес и Ауди и стан во Кисела Вода од 88м2 ?

Дали со неговиот потпис како прв човек на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки овозможил четири вредни зделки на фирмата на сопругата на Бранко Црвенковски ?

Во истовреме го повикувам Шилегов да побара од Антикорупциската комисија да испита се што стои во неговиот анкетен лист“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top