| четврток, 6 декември 2018 |

Влажни патишта и голомразица

patista-sneg-debar

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози и наместа остатоци од снег.Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица, информираат од АМСМ.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар како и на планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за тешки товарни возила.

Доколу има нов бран на врнежи од снег на територија на Р.Македонија во текот на денешниот ден, како што е најавено, координативното тело на Министерството за транспорт и врски донесе нови мерки и доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно.

АМСМ ги советува сите граѓани за задолжително поседување на зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да не контактираат на 155 55, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да не контактираат на 196.

Сите граѓани кои имаат паметни телефони – достапна им е и нашата АМСМ мобилна апликација и веб страната на www.amsmspi.mk

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top