| четврток, 6 декември 2018 |

Хајат Бумедиен избегала од Турција во Сирија

syuchastnichkata-na-kulibali-izbqgala-ot-turciq-v-siriq-278595

Потрагата по Хајат Бумедиен, која според француските власти е соучесничка на 32-годишниот Амеди Кулибали, кој ја уби полицајката и зеде заложници во еврејска продавница. а подоцна беше ликвидиран, престојувала неколку дена во Истанбул. Ова го соопшти турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Жената пристигнала на 2 јануари со авион од Мадрид на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ на азискиот брег. Се регистрирала во хотел во Кадкој и била придружувана од маж. По неколку дена заминала за градот Шанлиурфа, кој е појдовна точка кон границата со Сирија. Се проценува дека на 8 јануари ја преминала границата илегално и се префрлила во Сирија од граничниот премин „Акчакале“, што станува јасно од извештајот на телефонските разговори.

Според Мевлут Чавушоглу, проблемот со странците, кои се бореа на страната на џихадисти од Исламска држава е многу сериозен.

– Преземавме важни чекори во овој поглед, но сѐ уште имаме пропусти. Уште пред француските служби да побараат од нас информации за оваа жена, ние им ги дадовме податоци со кои располагавме – рече тој.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека границата меѓу Турција и Сирија е долга 900 километри и практично не е можно целосно да ја контролираат. Турските власти досега забраниле влез во земјата на 7500 странци, а околу 1.000 луѓе биле фатени и екстрадирани.

Тој ги повика земјите од Шенген-зоната да ја затегнат пасошката контрола, како и соработката меѓу себе, за да има напредок во борбата против странците, кои се бореа на страната на џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top