Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да се примени институтот условен отпуст, односно тој да биде условно пуштен на слобода.
– Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци. Досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која е правосилно осуден – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
За време на издржувањето Вранишковски се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред во затворот, при што ги извршувал и работните обврски.
– Воедно од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска православна црква непосредната и посредна имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. И тоа конфискувани му се вкупно 4. 940. 400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска православна црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во местото Голема Нива, запишано во имотен лист во К.П Нерези со површина од вкупно 4.859 м2 – стои во соопштението.
Имајќи предвид дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да биде условно ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каде сите брзате: Слобода Мичаловиќ се прости од Милена!
-
ЈO ќе ги гони оние кои фотографираат гласачи и го попречуваат гласањето
-
ЈО ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот
-
На Вранишковски пасошот му бил одземен поради судска забрана да излезе од Македонија


