
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја замоли Германија и натаму да и помага на неговата земја во напорите за членство во ЕУ, пренесе ТАСС.
Турскиот премиер денеска зборуваше на заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Ангела Меркел.
Давутоглу пристигна во својата прва официјална посета на Германија во својство на турски премиер. Тој изрази надеж дека Турција некој ден, исто така, ќе стане членка на ЕУ.
-Тоа ќе биде многу добар одговор за оние кои сакаат да ја разделат Европа – посочи Давутоглу.
Турција во 2005 година ги почна преговорите за членство во ЕУ, но тие напредуваат многу тешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


