Интерпол објави меѓународна потерница по поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, неговиот син Александар и поранешниот премиер Микола Азаров, соопшти меѓународната полициска организација од седиштето во Лион.
За одлуката на Интерпол објави претходно денеска и украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот „Фејсбук“ профил. Според него, Интерпол издал и „црвен список“ за екстрадирање во Украина и за поранешниот министер за здравство Раиса Богатирова и министерот за финансии Јуриј Колобов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


