| четврток, 6 декември 2018 |

Во Катар пристигна првата група македонски навивачи

navivaci

Македонската ракометна репрезентација веќе се адаптира на условите во Катар каде од четврток почнува Светското првенство, а на кое нашите ракометари ќе имаат поддршка од трибините. Во Доха пристигнаа дваесетина навивачи од Македонија кои се во очекување на првиот настап на „црвено-жолтите“ на 16 јануари против Тунис.

За дуелот со Тунис како и за следните настапи на македонските ракометари, освен навивачи кои допатуваа од Македонија, според информациите со кои располагаат во федерацијата, поддршка најавиле и стотина Македонци кои се на привремена работа во оваа земја.

Македонија покрај Тунис за противници во групата ги има и Иран, Босна и Херцеговина, Австрија и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top