Индустриските зелени зони регулирани со закон од пред 1,5 година, се одлична можност за домашните потенцијални влошувачи. Засега интересот е многу мал, но тоа може да смени доколку со најавените измени на правната рамка се донесат конкретни решенија, во согласност со барањата на компаниите, велат од Проектот за инвестиции во чиста енергија на УСАИД.
– Неопходно е измените да бидат во насока на точно дефинирање кој може да биде сопственик на зоната, под кои услови може да влезат инвеститорите и дали ќе имаат некакви бенефиции како што нудат дел од земјите во регионот – давање земјиште без пари или под многу мал закуп, неплаќање на комуналиите во првите години, веќе направена инфраструктура – рече директорот на Проектот, Самир Латиф, на денешната прес-конференција во Стопанската комора.
Следните неколку месеци ќе се прават компаративни анализи со Србија, Словачка и во Данска за да се утврдат, нагласи Латиф, практикаа и легислативата во овие земји по прашањето за зоните.
– Втората фаза ќе биде фокусирана на компаниите од Комората, дали и колку се тие заинтересирани за ваков вид инвестиции и што им е потребно за да ги реализираат. Мора да се направи математика – под кои услови ќе влезат и што ќе добијат – истакна директорот.
Компаниите кои работат во делот органско производство, енергија од обвноливи извори и производи од рециклирање, се најпогодни за индустриските зелени зони зашто единствено тие не ја загадуваат средината.
Индустриските зелени зони се само една од активностите на Проектот за инвестиции во чиста енергија на УСАИД, а се спроведува во соработка со Министерството за економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.