| четврток, 6 декември 2018 |

Човек починал кај „Сити мол“ откако претходно му се слошило

полиција

Утринава во 10 часот полицијата добила пријава за починато лице кај трговскиот центар „Сити мол“.

Според информациите, на повозрасен маж му се слошило на автобуската постојка кај трговскиот центар, по што починал.

Полицијата по извршениот увид утврдила дека се станува збор на 87-годишниот Коста К. од Скопје, чие тело по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top