Оваа година „Возењето во метро без панталони“ привлече голем број учесници во многу делови од Њујорк, при што повеќе илјади активисти се собраа на седум различни метро станици, а потоа полуголи се возеа во метрото до плоштадот Унион.
Активистите без панталони“ лежерно читаа весници и книги уживајќи во возењето и не обрнувајќи внимание на чудните погледи на другите патници. На прашањата на зачудените патници тие даваа интеренси одбори како: „Ги заборавив
панталоните“, „Од брзање не стигнав да облечам панталони“, „Ова е протест против глобалното затоплување“ и слично.
Некои од активистите танцуваа на плоштадот Унион и покрај студеното време, додека други изведуваа акробации. Основачот на групата „Improve Ewerywhere“, Чарли Тод при минатогодишното „Возење“ рече дека целта на оваа активност е да се помине еден слободен и комичен ден.
– На луѓето ова им е смешно. Нашата цел не е да ги вознемируваме, туку заедно времето да го поминуваме во радост, рече Тод.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.