| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Емигрантите се закана за ЕУ

Потребно е силно ограничување на емиграцијата во Европа, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан барајќи енергичен европски одговор на минатонеделните убиства во Франција.

Крававите напади, во кои 17 лица беа убиени од тројца исламски екстремисти, родени во емигрантски семејства во Франција, веројатно ќе ги засилат антиимигрантските движења во Европа и Орбан, кој и претходно повикуваше на ограничување на емиграцијата, рече дека е крајно време Брисел да преземе строги мерки, пренесува БТА.

– Не треба да гледаме на економската имиграција како на нешто корисно, таа носи само непријатности и закани за Европејците. Затоа емиграцијата треба да биде сопрена. Тоа е унгарскиот став – изјави Орбан на унгарската државна телевизија. Тој дополни дека исклучок треба да се направи само за луѓето кои бараат политички азил.

– Унгарија нема да стане целна дестинација на емигрантите. Нема да го дозволиме тоа, барем не додека сум јас министер и додека оваа влада е на власт – потенцираше Орбан.

– Не сакаме меѓу нас да има значително малцинство со различни од нашите културни карактеристики и традиции. Сакаме да ја сочуваме Унгарија како Унгарија, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top