Филмот „Детство“ на режисерот Ричард Линклејтер ја освои американската филмска награда „Златен глобус“ во три категории – за најдобар филм, режија и споредна женска улога, а бурлеската „Гранд хотел Будимпешта“ е прогласен за најдобар филм во категоријата комедија.
„Златен глобус“ за најдобар актер во драма доби Еди Редмејн за улогата во филмот „Чудесна приказна за времето“, а Џулијан Мур ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Сѐ уште Алис“.
Најдобар актер во комедија е Мајкл Китон во филмот „Човек птица“, кој беше еден од главните фаворити за годинешниот „Златен глобус“.
Ејми Адамс доби награда за најдобра актерка во комедија во филмот „Големи очи“.
Рускиот филм „Левијатан“ е прогласен за најдобар странски филм, а „Како да го тренирате змејот 2“ е најдобар анимиран филм.
Кога станува збор за телевизиските награди, „Глобус“ за најдобра комедија доби серијата „Транспарент“, за разведенио татко кој се обидува да стане жена и како реагираат неговите возрасни деца. Во категоријата драма „Аферата“ доби „Глобус“ за првата сезона.
Првото доделување на филмски награди покажа дека не постои фаворит меѓу филмовите кои би можеле да се натпреваруваат за главната награда „Оскар“ која ќе се додели на 22 февруари.
„Детство“, беше номинирран во пет категории, а освои три награди, вклучувајќи ја главната – за најдобра драма. Режисерот Ричард Линклатер филмот за растењето на едно момче го снимал 12 години со истите актери. Патриша Аркет доби „Глобус“ за споредна женска улога. Ако освои „Оскар“ тоа ќе биде големо изненадување и успех за филмот кој го снимаше малата куќа „ИФЦ Филмс“, оценува „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија