| четврток, 6 декември 2018 |

Стојков го прескокна Вардар и ќе игра за албански Скендербег

Аце Стојков нема да се врати во Вардар по одличната полусезона во редовите на Работнички, а кариерата ќе ја продолжи во Скендербег од Албанија.

Ветеранот, кој порано беше член на Интер одлучи да ја прифати понудата на албанскиот првак, иако се шпекулираше дека ќе се врати во Вардар.

stojko

Стојков во првиот дел од сезоната во македонското првенство, одигра десетина натпревари за Работнички и се наметна како еден од најдобрите играчи, со 9 постигнати погодоци и неколку прекрасни асистенции. Особено ќе се памети неговиот гол во Тетово против Шкендија, кога сам ја надигра комплетната одбрана на противникот и со лоб ја погоди мрежата на „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top