| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во стан и поткровје во Кавадарци, нема повредени

­ Утрово околу 1 часот по полноќ пожар зафати стан и поткровје од зграда во центарот на Кавадарци.

Во пожарот нема повредени лица, направена е само материјална штета. Се утврдуваат причините за пожарот.
­

Пожарот беше изгаснат и не се дозволи негово ширење на останатите станови од зградата.

Гасевме до 5 часот утрово со две противпожарни возила и 4 пожарникари. Ни помогна и противпожарната единица на „Фени индустри“ со едно возило и двајца пожарникари, информира командирот на територијалната противпожарна единица, Илчо Богевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top