| четврток, 6 декември 2018 |

Најниско ниво на цената на бензините во САД од април 2009 година

нафта

Цените на бензините во САД паднаа на најниска вредност од април 2009 година, јави ТАСС.

Во последниве три недели цените на бензните во американските бензински станици се намалија за околу 27 проценти. Така, бензинот од најниска класа во просек чини 2,20 долари за галон, односно 58 центи за литар.

Бензинот е најскап во Сан Франциско 2,66 долари за галон, а најевтин во Албукерки во Ново Мексико 1,76 долари за галон.

Според аналитичарите, поевтинувањето на бензините во САД се должи на падот на цената на нафтата на светските берзи. Тие проценуваат дека бензините во САД ќе продолжат да поевтинуваат и во следниот период, во очекување на натамошен пад на цената на нафтата на безрите, но дека тоа намалување ќе биде со побавно темпо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top