| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоубил инспекторот што ја водел истрагата за масакрот во „Шарли ебдо“

French special intervention police conduct a house-to-house search in Longpont, northeast of ParisИнспектор задолжен за истрагата на масакрот во редакцијата на „Шарли ебдо“, Ерлик Фреду, извришил самоубиство, јавуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил во Лимож во канцеларијата на инспекторот во четвртокот навечер, непосредно по состанокот што Фреду го одржал со семејството на една од жртвите.

Според прелиминарните информации, Фреду извршил самоубиство пред да го напише извештајот за тоа што му кажало семејството на убиениот.

Француските медуми наведуваат дека 45-годишниот инспектор имал проблеми со депресија, додека од полицијата соопштуваат дека се шокирани и дека никој не се надевал на такво нешто.

Фреду требал да ја предводи истрагата за нападот на редакцијата што се случи на 7 јануари при што беа убиени 12 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top