Националната разузнавачка агенција на САД ја известила Светата столица дека Ватикан е следната цел на терористите, тврди израелската државна телевизија без да објави повеќе детали. Информацијата ја пренесоа и италијанските медиуми.
Веста се совпаѓа со тврдењата кои ги објави германски „Билд“, кој пишуваше дека НСА прислушувала разговори на припадници на Исламската држава и така дознала дека Париз е само почеток на офанзивниот терор во Европа. Групи од по четири командоси се уфрлале меѓу бегалците кои пристигнуваат во Унијата и секоја има своја цел во некои од европските градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.