Студот ја однесе четвртата жртва во Албанија. Станува збор за шеесет годишен маж од Тирана, кого во текот на ноќта паднат на улицата „Елбасан“ го пронашле случајни минувачи. Веднаш била известена полицијата и брзата помош, но лекарот само контатирал смрт, која настапила од студот.
Претходно, екстремно ниските температури беа причина за смртта на чувар на кафуле,чие беззживотно тело на работното место го пронашла неговата сопруга. Според лекарите жртвата починала од инфаркт поради големиот студ.
Ден пред новата година беа регистрирани две жртви од студот во подрачјето на Корча.
Поради обилните снежни врнежи и екстремно ниските теператури кои достигнува и до минус 20 степени, уште многу планиснки села се завеани а добар дел од пред нова година и без електрична енергија. Поради високата снежна покривка и мразот за селата од Голо Брдо и понатаму единствен излез е преминот Џепиште-Требиште кај Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.