Десетици светски лидери, еден до друг, оддадоа денеска почит со едноминутно молчење на жртвите од терористичкиот напад во Франција во кој беа убиени 17 луѓе, а потоа ги поведоа граѓаните во Марш на
солидарноста.
Граѓаните, заедно со Оланд ги поведоа и германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон како и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот Махмуд Абас.
Проценките се дека повеќе од милион луѓе меѓу кои и 40 светски лидери, учествуваат во Маршот во Париз, додека слични собири беа организирани и во други градови.
Оланд пред Маршот изјави дека Париз денеска е престолнина на светот. На повикот на францускиот претседател да учествуваат на голема антитерористички протестен марш се приклучија највисоки функционери во Европската унија и лидери на европски држави.
Многу моливи и пенкала во рацете, како одговор на обидот на исламистите да ја замолчат слободата на изразување и слободата на печатот. Но, не само во Париз, туку и низ цела Франција, милиони Французи учествуваат на марш.
– Дојдов да искажам дека сум за слободата на изразување, ги гледате моите убедување. Не сум изненаден од оваа мобилизација, задоволен сум – вели еден од учесниците во маршот.
За безбедноста се грижат околу 2300 припадници на силите на редот, 24 мобилни единици на француските безбедносни сили, дваесетиниа екипи на Антикриминалната полиција, 56 екипи на мотоцикли.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.