Во 2014 година, во „Мој Термин“ се креирале вкупно 5.366.870 упати, преку кои биле прегледани 1.040.960 различни пациенти. Бројот на подигнати лекови во 2014 година изнесува 18.755.650, односно секој Македонец лани во аптека подигнал во просек по 10 кутии лекови.
Вкупниот број на електронски медицински досиеја во системот достигна бројка од 1.556.960, изјави Милан Аризанкоски, проект менаџер на “Мој термин”.
-Осумнаесет милиони подигнати лекови – во просек е 10 лекови по пациент. Според СЗО, одредени земји имаат од 4 до 7 лекови по пациент. Кај нас е нешто повеќе од тој максимум, додаде Аризанкоски.
Тој укажа дека од друга страна, вкупниот број пациенти кои не дошле на закажаниот термин изнесува 309.480 пациенити, а со тоа биле неискористени 431.650 термини. Исто така, се бележи зголемување на бројот на откажани термини – септември 21.350 откажани термини, ноември 25.300 откажани термини, а во декември 27.400.
Според Аризанковски новиот Закон предвидува, одреден пациент ако не се појави два пати во месецот или четири пати годишно на закажан преглед, здравствената установа може да побара од него да уплати 50 отсто (просечната вредност на амбулатски пакет изнесува 600 до 700 денари) од вкупната вредност на прегледот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.