Македонските новинари се приклучија на масовниот марш во знак на протест за убиството на нивните колеги од сатиричниот магазин “Шарли Ебдо” во Париз. Настанот го организираше Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија, а присуствуваше и француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.
– И покрај шокот што ја погоди целата професија и граѓаните на оваа земја, денеска можеме да кажеме дека Шарли ќе живее и дека сега дострелот на овој весник ќе биде глобален – рече потпретседателот на ССНМ Драган Антоновски.
фото: НоваТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.