| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски оствари билатерални средби и разговори со повеќе политичари и премиери

DSC_1502

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска на маргините на глобалниот самит “Вибрант Гуџерат” кој се одржува во градот Ахмедабад, Република Индија, оствари билатерални средби и разговори со повеќе политичари и премиери кои учествуваа на самитот.

Премиерот Груевски оствари средба со премиерот на Индија, Нарендра Моди, на која беа констатирани добрите политички и економски односи меѓу двете земји, кои во последниот период бележат интензивирање што дополнително придонесува за зајакнување на пријателството меѓу двете држави. Двајцата соговорници разменија мислења за можноста за продлабочена економска соработка.  Моди искажа благодарност што премиерот Груевски ја посети Индија и што зеде учество на престижниот самит во Ахмедабад. Истакна дека Индија е насочена кон дисперзирање на својот капитал надвор од границите при што Европа е еден од тие центри и го изрази своето задоволство што и Република Македонија исто како Република Индија има интерес за продлабочување на соработката.

DSC_3346

Премиерот Никола Груевски на маргините на самитот оствари билатерална средба и со премиерот на индиската држава Гуџерат која е и домаќин на денешниот самит, Анандибен Пател. Премиерот Груевски оствари и разговори со претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким со кого ја констатираа одличната меѓусебна соработка која постои во однос на реализација на повеќе актуелни проекти. Разговор беше остварен и со државниот секретар на САД, Џон Кери, генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки Мун, како и со повеќе други премиери, министри и извршни директори на компании кои беа присутни на самитот.

DSC_1520

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top