| четврток, 6 декември 2018 |

ИБН: Дел од оружјето на терористите во ЕУ потекнува од Балканот

teroristi-francuska-foto-shutterstock-1420749248-606008

Наспроти строгата контрола и зајакнатите мерки за борба против илегалната трговија со оружје, на улиците на ЕУ се наоѓаат илјадници парчиња оружје што потекнуваат од конфликните подрачја од Европа, меѓу кои и од Балканот, објави интернет страната „Интернешанл Бизнис Тајмс“ (ИБТ).

Големи количества од ова оружје, како „Калашниковите“ со кои беше избршен нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во средата, колекционерите на оружје, организираните криминални банди и терористите ги купуваат од шверцери на оржје и муниција.

Сајтот наведува дека нема официјалани податоци за бројот на илеглано оружје во ЕУ, но дека се проценува оти на територијата на Унијата има неколку милиони парчиња оружје кое е изгубено или украдено. Спорд ИБТ, оваа бројка се однесува само на оружјето кое било регистрирано, а потоа исчезнало.

Интернет страницата „Ган полиси“ пак наведува дека голем број автоматски пушки во ЕУ доаѓаат од Балканот, каде има многу заостанато оружје од војните во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.

Според раководителот на Одделот за меѓународна безбедност при британскиот институт „Ројал Јунајтед Сервисиз“, Рафаело Пантучи, транспортот на оружјето низ Европа е олеснето поради Шенген зоната, бидејќи луѓето можат слободно да патуваат во границите на ЕУ без погранични контроли.

– Во Велика Британија е многу потешко да се дојде до илегално оружје. Но, во Франција и во другите земји на европскиот континент, слободното движење овозможува полесен пренос на оружјето преку границите, смета Пантучи.

„Интернешанл Бизнис Тајмс“ наведува дека шверцот со оружје е на големо раширен во Косово, пренесувајќи при тоа изјава на косовски шверцер од 2007 година, кој вели дека во неговиот град за 250 евра може да се купи „Калашников“ произведен во Кина, а дека во Албанија таква пушка чини само 50 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top