| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП објави нова листа на должници

ujp-zgrada

Управата за јавни приходи објави нова Листа на должници која опфаќа физички и правни лица со долгови доспеани до 30 септември 2014 година и неплатени до 31 декември 2014 година, а по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се должници за кои вкупниот износ на долг е над 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и над 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.

За објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз, граѓаните и фирмите можат да се обратат до Царинска управа -Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа.

Објавувањето на листата на должници се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот.

За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.

Листата можете да се најде на сајтот на УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top