| четврток, 6 декември 2018 |

Левски не се појави на теренот во Подгорица

levski1

Според најавите, буграскиот кошаркски клуб Левски не се појави на теренот во Подгорица на дуелот од 17 коло од АБА лигата со екипата на Будуќност.

Финансиските проблеми и заминувањето на неколку играчи беа причината тимот да непатува во Црна Гора.

Претседателот на клубот Леонид Гајдаџиев се надева дека до следниот дуел со Шолнок, односно до 17 јануари, ќе имаат договори со нови играчи и ќе го продолжат натпреварувањето.

Левски побара одлагање на дуелот, но бидејќи раководството на АБА лигата им одложи еден натпревар (со Задар), овојпат не им излезе во пресрет. Натпреварот ќе биде регистриран со 20:0 за Будуќност, а Левски нема да добие бод.

На другите натпревари одиграни од оваа рунда од АБА лигата се псотигната следниве резултати: Шолнок – МЗТ Скопје 73:76, Крка – Игокеа 78:67 и Партизан – Олимпија 81:74.

Вечерва играат:
Металац – Цедевита
Мега – Црвена Звезда,

Во понеделник:
Задар – Цибона.

Табела: (победи-порази),
Црвена Звезда 16-0
Будуќност 13-3, Цедевита 11-5,
Партизан 10-7,
Цибона 9-7,
Олимпија 8-9,
Крка 7-10,
Шолнок 7-10,
Мега 7-9,
Металац 7-9,
МЗТ Скопје 6-11,
Игокеа 5-12,
Задар 7-8,
Левски 1-14.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top