| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер Бо Меккејлеб повреден

lester bo mccaleb

Новото засилување на кошаркарскиот клуб Баерн од Минхен, Лестер Бо Меккејлеб ќе одсуствува од кошаркарските терени најмалку три недели откако се здоби со незгодна повреда на палецот на десната рака. 

Поранешниот македонски репрезентативец, кој на германскиот тим му се приклучи пред два месеца, се здобил со повредата за време на мечот во второто најквалитетно кошаркарско натпреварување Еврокупот против францускиот претставник Дижон. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top