| четврток, 6 декември 2018 |

Бо Мекејлеб ќе игра за Лимож до крајот на сезоната

lester bo mekejleb 1

Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб, од ноvата година ќе има задача да ги разигрува кошаркарите на францускиот клуб Лимож. На почетокот од вториот дел од сезоната, бранителот на титулата се реши да направи неколку измени во ростерот со кои би се приближил до горните места на табелата во најелитното француско кошаркарско друштво. Натурализираниот Македонец имаше шанса да заигра за НБА тимот на Њу Орлеанс во претсезоната, но не успеа да се избори за место во ростерот. Претходно, беше дел од Баерн Минхен. Француските медиуми го најавија како ново засилување за Лимож.

lester bo mekejleb

– Станува збор за квалитетен играч кој многу брзо се приспособува на нова средина. Со македонскиот национален тим го докажа и својот талент и беше назначен за еден од најдобрите „разигрувачи“ на Стариот континент – се вели во соопштението на официјалната страница на клубот.

Во минатото, Мекејлеб ги бранеше боите на Партизан, Монтепаски Сиена, Фенербахче и на Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top