Фудбалерите на Еибар остварија победа од 2:1 на синоќа одиграниот дуел од 18. коло од шпанската Примера.
Еибар пред своите гледачи поведе со головите на Ману Дел Морал (33.минута) и Капа (51), додека Диего Кастро (80) беше стрелец за Хетафе. Со овој триумф Еибар се зацврсти на 8. место на табелата.
На другите одиграни дуели од оваа рунда во Примера беа постигнати следниве резултати:
Селта – Валенсија 1-1,
Малага – Виљареал 1-1,
Реал Мадрид – Еспањол 3-0
Леванте – Депортиво 0-0.
Денеска на програмата се четири натпревари:
Алмерија – Севиља,
Атлетик Билбао – Елче,
Гранада – Реал Сосиедад и
Барселона – Атлетико Мадрид.
Во понеделник играат:
Рајо Ваљекано – Кордоба.
Табела:
Реал Мадрид 42 бода,
Барселона 38,
Атлетико Мадрид 38,
Валенсија 35,
Севиља 33,
Виљареал 32,
Малага 31,
Еибар 26,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



