| четврток, 6 декември 2018 |

Утре се очекува нов пад на цените на горивата

benzinska-pumpa_2

Како резултат на континуираното паѓање на цените на нафтата на светските берзи, утресе очекува нова, повторно намалена цена на горивата.

Се шпекулира дека е можно поевтинувње меѓу 2 и 3 денари по литар, што значи дека по повеќе години, дизелот ќе се спушти под 50 денари, а бензините под 60.

Точната бројка за колку денари ќе поевтинат енергенсите, ќе ја соопшти утре Регулаторната комисја за енергетика.

Во Македонија последниве месеци, како резултат на падот на цената на нафтата се бележи рекорден пад на цените на дериватите во последните неколку години.

Според последните пресметки на Регулатурна од пред две недели, за ЕУРОСУПЕР БС-95 плаќаат 62,00 ден/литар, за ЕУРОСУПЕР БС-98 – 63,50 ден/литар, а за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) плаќаат 52,50 ден/литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top