Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефано Лазарато разговарале за соработкат меѓу двете држави и за нејзино зајакнување, а посебен фокус е ставен на продолжување на развојот на Македонија.
Потенцирана е важноста на политичкиот дијалог и важноста на добрите меѓуетнички односи, како главен фактор за развој и стабилност. Амбасадорот Лазарато најавил натамошно проширување на соработката во нови сектори, вклучувајќи и нови проекти за поддршка на економскиот развој како намалување на невработеноста и зголемување на конкурентноста, поддршка на демократијата со акцент на зајакнување на капацитетите на локалната власт и невладиниот сектор, на здравството и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.