| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден јавен долг на Албанија од 3.600 долари по глава на жител

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Видно зголемиот јавен долг во 2014 година услови долгот по глава на жител во Албанија да достигне рекордно ниво од 363.750 леки или околу 3.600 долари. Кажано поинаку едно просечно четиричлено албанско семејство во 2015 година ќе долгува по 1.455.00 леки или околу 15 илјади долари. Овие проценки ги прави „Опен Дата Албанија“ која ги анализира податоците за јавниот долг почнувајќи од 2005 година.

– Најголем раст на јавниот долг по глава на жител е забележан во 2014 година, главно како последица на високиот раст на долговите на државата. Во ребалансот на буџетот за 2014 година јавниот долг е 104 милијарди леки поголем споредено со 2013 година или за 11,76 отсто, забележувајќи најголем раст по 2010 година, стои во оценката на „Опен Дата Албанија“.

Според направената анализа, во 2010 година јавниот долг по глава на жител изнесувал 245.151 леки, а во 2015 ќе биде повисок за околу 118 илјади леки или 48 отсто и ќе изнесува 363.750 леки.

Последните три години вкупниот јавен долг на Албанија секогаш е над критичната граница на која предупредуваат меѓународните финансиски институции – границата од 60 отсто од БДП. Вкупниот надворешен долг на Албанија годинава се планира да достигне околу 9 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top