Ласана Батили, муслиман од Мали успеал да спаси шест животи во текот на вчерашната заложничка драма која се одвиваше во супермакет во Париз. Тој ги сокрил луѓето од напаѓачите во подрумот од зградата кадешто се одвивала кризата.
Француските медиуми ова 24-годишно момче со потекло од Мали го прогласија за херој, кога во вчерашната драма беа убиени четири лица, а вооружен напаѓач држеше неколку лица во заложништво во супермаркет.
Како што пишуваат француските медиуми, бројот на жртви би бил поголем доколку вработениот Батили не реагирал брзо и не им го покажел патот до подрумот на неколкумина, со што им го спасил животот.
Батили изјавил дека се се случило многу брзо и во супермаркетот настанала страшна паника.
– Кога луѓето почнаа да бегаат спрема подрумот, јас им ја отворив вратата од големиот замрзнувач каде што се сокрија. Им реков да останат мирни – раскажува момчето.
Додава дека ги изгаснал светилките и фрижидерот, за вооружениот напаѓач да не може да ги пронајде скриените лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.