На кошаркарските натпревари во НБА лигата при секој прекин на мечот или во паузата меѓу четвртините или тај-аутите се прават разно-разни занимации за публиката. Една таква е и „бакнеж пред камерата“ каде режисерот во салата на големиот екран на покривот од арената прикажува парови кои откако ќе се видат сами на екранот треба да се бакнат.
Во овој случај девојката забележа дека заедно со нејзиниот партнер се главните ликови во салата на големиот екран, па се обиде да му скрене внимание и да очекува бакнеж. Очигледно на дечкото не му беше до тоа бидејќи имаше поважна работа со својот телефон, па на девојката не и остана ништо друго и се заврте на другата страна и се бакна со момчето што беше до неа.
Убав одговор на незаинтересираноста на нејзиниот дечко со реченицата, Ако не сакаш ти, има кој сака!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.