| четврток, 6 декември 2018 |

Маланда фудбалерот на Волфсбург загина во сообраќајна незгода

Младинскиот фудбалер на Белгија и член на германскиот бундеслигаш Волфсбург Жуниор Маланда денеска го загуби животот во сообраќајна незгода во Германија.
Белгискиот интернационалец загина во сообраќајна несреќа откако се наоѓал на задното седиште од автомобилот што со голема брзина излетал од патот и се превртел.

– Причина за несреќата е неприлагодената брзина на возилот, а во времето на несаканата случка дувал и силен ветер – соопштија од германската полиција.

Овој 20-годишен фудбалер важеше за еден од најголемите надежи во бегискиот фудбал, а за тимот на Волфсбург кој се наоѓа на второто место на табелата во есенскиот дел од шампионатот настапи на девет натпревари.
Оваа трагедија што ја погоди екипата го одложи вечерашниот пат за Јужна Африка на неколку дена каде требаше да отпочнат зимските подготовки пред почетокот на пролетниот дел од шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top